Продолжува имплементацијата на проектот за поставување на нова вештачка трева на полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен. Со овој проект се обезбедува одржување на поголеми натпревари во параглајдерство и змајарство, самиот старт добива поголема безбедност и поголема привлечност и за професионалните и за аматерите параглајдеристи.
„Добиваме двојно поголемо полетиште за параглајдинг и тоа ќе значи дека големите светски и европски натпревари ќе можат да се одржуваат побезбедно и со поголемо присуство на публика и аматери параглајдеристи. На ова место го имплементираме и проектот за изградба на објект. Продолжуваме со развој на авантуристичкиот туризам во Крушево.
Проектот за уредување на полетувалиштето за параглајдинг е финансиран преку Центарот за развој на Пелагониско планскиот регион и изнесува 64.400 евра.