СДСМ: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ масовно ги кршат мерките и забраните, а партијата глуми загриженост за здравјето на граѓаните

 

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со незрело и несериозно однесување, опасно за здравето и масовно ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, велат од СДСМ.

 

„Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески, веројатно инспириран од својот шеф Христијан Мицкоски, вчера ги прекшрил забраните за масовни собири.

 

Ристески со поголем група луѓе, без дистанца и без никаква заштитна опрема тера партиска агенда, додека неговата партија секојдневно глуми загриженост за здравјето на граѓаните.

 

Класично лицемерно однесување на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, глуми загриженост за здравјето на граѓаните а нивни фунцкионери од Мицкоски па надолу секојдневно ги кршат мерките и забраните и го загрозуваат јавното здравје.

 

Ваквиот несериозен, неодговорен и опасен однос на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде казнет од граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи