Крушевчанец се повредил додека сечел дрва, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
Според пријавеното на 14.06.2020 во 09.00 часот било пријавено дека во Крушево, атар на село Пуста Река, кај место викано „Крушка“, при сечење на дрва Ѓ.А.(64) од Крушево се здобил со тешки телесни повреди.
Тој бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.