Античкиот бисер Стибера – претворен во змијарник, запоставен, обраснат со трње

Раководителот на истражувањата на археолошкиот локалитет Стибера, Душко Темелкоски, на својот ФБ профил постираше фотографии од ова место кое наместо на туристички центар наликува на сцена од хорор филм. Министесртвото за култура годинава за жал не оддели ниту денар за археологијата во Прилеп.

 

„Можеби сум нападен и досаден со мојата работа во ова невреме на епидемија, но јас сепак да си се оградам (оправдам) за некои неубави случувања во прилепската археологија како што се пожалив пред неколку месеци дека моите претпоставени (министерство, музеј) немаат воопшто слух за прилепската археологија (во однос на сите други градови) резултатот е овој на двете фотографии од античкиот бисер Стибера – запоставен, обраснат со трње и капини, дури и убаво средниот простор пред неполна година околу отворениот градски римскоцарски жртвеник е како од хорор филмовите. Археолошкото наоѓалиште од прв степен ќе изгледа вака срамот е поголем што Стибера, особено во летниот период, е доста посетувана од намерници (до пред оваа година многу често од грци), кои очекувајќи да видат убава приказна, го гледаат ова“, пишува Темелкоски на својот Фб профил.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи