ВИДЕО – Филипче: Викендов ќе донесеме одлука дали ќе се отворат границите, без тестови и без изолација

Викендов ќе донесеме одлука дали ќе се отворат границите, без тестови и без изолација. Ова во Прилеп го најави министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека тоа се темелело на проценката дека сите земји во регионот вклучително и Македонија имаат ист, идентичен епидемиолошки ризик и иста епидемиолошка состојба.

 

 

„Ние видовме пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти нешто порано од останатите земји, сега апсолутно сиите земји во регионот се соочуваат со тоа и сметам дека први изреагиравме и започнавме со тестирање на огромен број контакти на претходно дијагностицирани заболени што ни овозможи за кратко време да ги ставиме во изолација, со цел да не ја шират болеста. Се соочивме и со проблеми во однос на тоа околу давањето на решенијата за самоизолација. Но верувам дека има механизми со кои и тиие проблеми ќе се надминат. Во однос на тоа дека имаме сличен епидемиолошки ризик и иста епидемиолошка состојба врз основа на билатералните контакти со сите соседни земји, а врз основа на последните новодијагностицирани случаи, поврзаноста со кластерите и анализата на сите земји поединечно во регионот во текот на овој викекнд ќе донесеме соодветна одлука“, рече Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи