ВИДЕО – Филипче: Денеска или најкасно утре ќе започнеме јавна објава на оние кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација

Ние утрово дискутииравме за оваа тема уште еднаш на Комисијата за заразни болести и за жал морам да кажам дека 450 решенија не се поделија, очекувавме за тоа помош и од МВР. Истакна денеска во Прилеп, министерот за здравство Венко Филипче.

 

 

„И најверојатно денеска или најкасно утре ќе започнеме јавна објава поради тоа што луѓето едноставно не се достапни илии даваат грешни податоци во анкетните листови. Тоа се луѓе кои се огромен ризик да ако се асимптоматски носители на вирусот и сега ако се движат помеѓу луѓе и не почитуваат самоизолација може болеста да ја шират“, додаде Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи