Љупчо Палевски- Палчо бил уапсен денеска поради непочитување на мерката за самоизолација, пишува „Фокус”. Палески пред неколку дена се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје, информира нашиот извор.
Бизнисменот Палчо, во септември беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а неодамна, по 8 месеци, е повторно на слобода, по што се вратил во Македонија.
Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја. Палчо беше осомничен во една од предистрагите на СЈО “Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес. Наводно беа пронајдени “бомби”, но случајот досега нема завршница.
127