Касата на министерството за земјоделство е речиси празна, а програмата за финансиска подрршка на земјоделството е во минус од околу 4 милијарди денари. Поради тоа нема пари и се доцни со исплаќање на субвенции и обештетување од временски непогоди на земјоделците. Со овие обвинувања денеска во Прилеп излезе Цветан Трипуновски, заменик министер за земјоделство. Поради немање на средства се скратила и програмата за „зелена нафта“.
„Владата долго најавуваната „зелена нафта“ каде имаше предвидено 280 милиони денари ја намали сумата на 180 милиони, тие 100 милиони денарии коии ги повлече ги стави во ставката неисплатени обврски од претходните години. Во ставката неисплатени обврски од претходните години во програмата за финансиска поддршка минусот е околу 4 милијарди денари. Значи од програмата 2020 сите пари се повлечени за исплата на претходни години, значии ние две програми во министерството имаме огормен, длабок минус. Тука влегуваат неисплатени субвеции и на градинари и на овоштари и на сточари и на лозарите од Тиквешкиот регион“, кажа Трипуновски.
Според Трипуновски неодговорната политика на СДСМ довела до тоа да со години немало пари за исплата на штети од временските непогоди.
„Минатата година во Ресенско имаше големо невреме кое направи штети за наредите 3 години. И тие овоштари од Ресен исто како и овие од прилепско си ги чекаат обештетувањата. Исто така земјоделците од големото невреме кое го зафати скопскиот регион, поточно Гази Баба и Арачиново еве и тие 3,5 години чекаат обештетување во тој дел“, додаде Трипуновски.
Според Трипуновски во периодот кој следува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе била таа која под итно ќе ги исплатела овие заостанати обврски кон земјоделците.