Левиот бек кој одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција, Давор Шокоски се врати во неговиот матичен клуб Прилеп. Шокоски лани летоска се пресели во Бутел Скопје, но немаше голема минутажа, па вториот дел од сезоната го мина во Металург 2 на позајмица, каде имаше солидни настапи.
22-годишниот играч ќе биде петто засилување за Прилеп, кој активно работи на формирањето на ростерот за битките во елитното друштво. Претходно тимот што ќе биде предводен од Горан Кузманоски, се засили со голманот Зура Цинцадзе, десното крило Реваз Чантурија, пикерот Сашко Манчески и средниот бек Филип Чурлевски.
Договорите беа продолжени со крилата Бикоски и Амзоски, а оваа седмица се очекува да бидат познати уште најмалку две засилувања.