Македонската е-спорт екипа освои шампионско место во „League of Legends“ и второ место во “Counter Strike: Global Offensive“ на европскиот куп на нации во е-спорт „StayHome European Nations Cup“.
Како што соопштија денеска од Македонската еспорт екипа, во играта „ProEvolution Soccer 2020″ се пласирале до четврт финалето.
Дванаесет членки на Европската Федерација го организираат Купот на нации за да ја подигнат свеста кај младите во Европа за опасноста од ковид-19 и да порачаат дека е добро да се остане што е можно повеќе во карантин за да се спречи ширењето на вирусот.
Купот се одржа во три наслови „League of Legends“, „Counter Strike: Global Offensive“ и „ProEvolution Soccer 2020“. На квалификациите за купот се пријавија 130 тимови и 40 поединци, а натпреварите ги проследија повеќе од 3.000 ентузијасти.