Производите за кои ќе се плаќа со картичките „Купувам домашно“ ќе бидат изложени на посебни рафтови или обележани со ознаки

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Трговците ќе треба да ги означат производите за кои ќе се плаќа со картичките „Купувам домашно“. Ќе треба да обезбедат посебно обележани рафтови или пак да ги обележат македонските производи со ознаката „Купувам домашно“ со цел корисниците на домашните платежни картички да можат полесно да ги препознаат.

 

„Согласно Уредбата, за прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи со текст ‘промет од македонски производи’, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи“, се вели во владиното соопштение.

 

Уредбата ги задолжува и правните и физички лица што вршат онлајн продажба посебно да ги издвојат македонските производи и услуги и да ги означат со видна ознака/стикер „Купувам домашно”, како и да постават известување на видно место на насловната страна на интернет страницата со кое ги известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи