ВИДЕО – Ристески: Време е за издигнување над неправдите, време е за обнова на Македонија!

Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена шанса за да се казни ненародната власт на Зоран Заев и да отпочне обнова на државата, која ќе значи целосно расчистување со криминалниот систем и враќање на достоинството на граѓаните, изјави на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„На 15-ти јули одлучуваме во каква држава сакаме да живееме во иднина, во држава која ќе ја водат чесни и честити луѓе, или во држава во која Зоран Заев ќе продолжи да распродава се’ што е македонско и национално.

 

Во изминатите 3 години видовме со какво зло се соочувавме, видовме  власт која освен за своите џебови не направи ништо за подобрување на животот на граѓаните, видовме власт која не отвори ниту една нова фабрика, тендерска и расипничка власт која ветуваше нов живот, а донесе агонија и понижувања.

 

Македонската економија во моментов е целосно пред колапс, здравствениот систем ги покажа своите слабости, а инфраструктурните проекти се мисловна именка за власта на СДСМ.

 

Граѓаните со оваа власт не живеат нов живот, туку преживуваат!

 

Почитувани, време е сето ова да заврши, време е за издигнување над неправдите, време е за избор на власт, која од првиот ден ќе се посвети на работа во интерес исклучиво на граѓаните.

 

ВМРО-ДПМНЕ успеа да обезбеди избори на кои ќе има меѓународна набљудувачка мисија од ОБСЕ и ОДИХР и на кои ќе се гарантира безбедноста и здравјето на граѓаните.

 

Затоа денеска повикувам на обединување и масовна излезеност на изборите на 15-ти јули.

 

Ајде да застанеме сите на браникот за враќање на државата во рацете на народот, ајде да му покажеме на Зоран Заев дека македонскиот народ и кога е најтешко знае да се избори и да го добие она што му припаѓа!

 

Ова е последната шанса, ако не сега, тогаш кога? Време е за обнова на Македонија!“, кажа Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи