ВИДЕО – Талевски: Во овие 3 години граѓаните направија разликата меѓу државничкото однесување на СДСМ и антинародното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Три години власт на СДСМ и коалицијата, наспроти 11 годишното криминално и режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ја направија разликата меѓу одговорното и државничко однесување на СДСМ и незрелото, деструктивно и антинародно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ во ИИЕ 4, Миле Талевскии.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„И додека ние носевме одлуки за најважните прашања по иднината на државата и граѓаните, нашиот политички опонент немаше став и бегаше од одговорност. Нивниот кукавичлук одеше до таму, што не собраа храброст ниту да аплаудираат во македонското Собрание, кога го ратификувавме нашето членство во НАТО.

 

И ден денес се закануваат со поништување на Договорот од Преспа, а по налог на Мицкоски ги блокираат средствата од 90 милиони од Светска банка.

 

Јавноста гледа и знае кој застана храбро и одговорно против пандемијата, а кој лажеше и во време на забрани шеташе по теретани, додека здравствените работници неуморно се бореа со коронавирусот.

 

Граѓаните на општина Прилеп на најдобар начин почувствуваа што значи кога владата креира политики во интерес на пошироката заедница и кои се придобивките кога локалната и централната власт работат проекти според потребите на локалното население.

 

Почитувани, градежната офанзива која се случува во општина Прилеп наидува на општо задоволство кај секој жител на градот и населените места. Новиот лик на булеварот Гоце Делчев, на градскиот стадион, изградбата на армирано-бетонскиот мост, прв кој после 47 години се гради во Прилеп, рехабилитацијата на патот до вештачкото езеро, изградбата на клучката кај ТИРЗ Прилеп, реконструкцијата на најважните сообраќајници и улици без исклучок и во сите урбани заедници во градот, промената на постоечката и изградба на нова канализациона мрежа, инвестиции во образовните институции и детските градинки, сето тоа зборува за новиот начин на практикување на власта која СДСМ со граѓаните го гради на партнерска основа.

 

Градоначалникот и локалната власт предводена од СДСМ водат подеднаква грижа и за жителите на населените места. Покрај асфалтирањето на улици, на кои до вчера немаше ниту тампон, од населеното место Волково преку Прилепец изградивме нов асфалтен пат до манастирот Св. Никола. Го реконструиравме патот до Мариово, градиме канализација во Големо Коњари, го решивме деценискиот проблем со водоснабдувањето на канатларци, а до крајот на летото ја завршуваме и секундарната канализациона мрежа во Мало Коњари.

 

Истовремено Општина Прилеп навремено и неселктивно исплати 6 милиони денари за штети од невремето кое во 2018 и 2019 година ги зафати населените места Канатларци, Мало и Големо Коњари и населбата Варош. За истата намена на производителите, чии земјоделски насади претрпеа штети од невремето, од државниот буџет дополнително им беа исплатени уште 39 милиони денари.

 

Во новиот четиригодишен мандат, кој владата на СДСМ ќе го добие после изборите на 15 јули, за земјоделството и руралниот развој обезбедување годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, поддршка од 10 милиони евра за развој на микро и мали претрпијатија во руралните средини, како и инвестиции за јавно-приватно партнерство во секторот земјоделство.

 

Заради сето ова, на престојните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе одберат интеграција место изолација, мир наместо конфликти, ќе одберат неселктивна правда наспрема сваровски судство, ќе одберат едно општество наместо поделби. На 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжат по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро“, истакна Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи