ВИДЕО – Заев: Министрите од Владата целосно го почитуваат изборниот законик за да се разграничи власта од партиите, кампањата и изборите

Има јасно разграничување во изборниот законик кога е дозволено, а кога не е дозволено пуштање во употреба, ставање камен темелници и слично и тоа е разграничено со изборниот законик. Изборниот законик целосно се почитува. Вака одговори лидерот на СДСМ денеска во Кривогаштани, на новинарско прашање дали смета дека има мешање на улогата владините  претставници со партиската кампања, кога тие последниов период скоро секој ден се излезени на терен на разни увиди на изградба на патишта, училишта или реализација на други проекти.

 

 

„Во текот на работно време целосно се знае што може да направи министер, градоначалник, функционер од власта, а што може да прави после работното време. Строго се држиме до тие правиле, заради тоа што точно е и ние се боревме да има разграничување на власта од партиите и кампањите кои се водат на изборите.

 

Знаете дека имаме дел од распуштање на парламентот и распишување на изборите, имаме еден дел 20 дена пред кампања и еден дел во кампања, кој е дозволив дел и јасно разграничен што смее, а што не смее. Се држиме стриктно до тоа, имам јас добиено од правниците и правните сектори строги протоколи, добија и моите колеги.

 

Јас не сум општествен функционер, но сум кандидат на овие избори и се знае што јас смеам, а што не смеам. Но се знае и Оливер Спасовски, кој што е кандидат и претседател на Владата. Се знае и Мила Царовска која е потпретседател на Владата, министер во Владата, но и кандидат на листите, така да тоа е јасно разграничено“, рече Заев.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи