Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има два нови случаја на коронавирус, како и еден во општина Пласница. Едно лице оздравело од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 37, од кои 29 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 8 лица позитивни на коронавирус. Од нив, едно лице е со полоша клиничка слика.
Во самоизолација се наоѓаат 94 лица.