Бидејќи почитувам факти…
Без разлика колку и да е горчлива вистината…
Секогаш, ја претпочитам неа – вистината.
Така што ќе започнам со следниот факт…
Заврши наставната година (рако)водена по новите закони за основно образование и наставници и стручни соработници.
Закони, кои што минатата година беа предложени од страна на актуелниот министер, а потоа беа изгласани и од мнозинството во собранието на Република Македонија.
… без анализа на состојбите.
… без стручна и научна расправа.
Сегашната власт случајно или (не)намерно, донесе закони кои се ПРЕПОЛНИ со аномалии.
– Донесоа закони кои што предизвикаа доста реакции од страна на професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација (дефектологија) при Филозофскиот факултет – Скопје.
Важно е да се знае дека тие се најстручни во областа на инклузија на децата со посебни образовни потреби, а притоа воопшо не беа вклучени во подготвувањето на истиот.
– Донесоа закони, а притоа воопшто не се консултираа со професорите од Институтот за педагогија, кои се најстручен кадар во областа на образованието.
– Донесоа закони без да употребат дел од забелешките и предлозите од Народниот правобранител кои се однесуваат на инклузивниот тим, личните и образовни асистенти.
И за крај…
– Донесоа закони без да се консултираат со голем број наставници и стручни соработници. Закони кои што во ниту еден свој член не ги штитат од дискриминација сопствените вработени.
Тоа е НАВИСТИНА многу ниско и навредливо од страна на еден министер и неговото ресорно министерство.
Еве само еден мал дел од многуте пропусти во донесениот закон за работното време на носителите на дејноста во основното образование – т.е. наставниците.
Повеќе прочитајте ТУКА.
Колумна на Гоце Бумбароски, наставник