Лицата со Ковид-19, во самоизолација, болни, и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање до 8 јули

 

Од денеска па сè до 8 јули, немоќните и болните лица, како и пациентите заболени со ковид-19 и лицата што се во самоизолација, ќе мора да се пријават до општинските изборни комисии за да го остварат своето право на глас на претстојните парламентарни избори.

 

За овие петти предвремени парламентарни избори, најспецифилни досега поради коронавирусот, кампањата завршува на 12 јули на полноќ, од кога почнува молкот. На 13 јули (понеделник) ќе гласаат лицата со Ковид-19 и во самоизолација, за кои објавено е упатство за начинот на кој ќе се одвива пријавувањето и гласањето.

 

На 14 јули (вторник) ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.

 

На 15 јули гласањена парламентарните избори ќе започне во 7:00 часот наутро и, поради состојбата со Ковид-19, гласањето ќе биде продолжено два часа. Гласањето ќе се одвива согласно задолжителните препораки за гласање усвоени од Државната изборна комисија согласно укажаното од Комисијата за заразни болести.

 

 

 

 

 

 

;

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.