Заев за „бомбата“ со „шарените“: По два саати седење во кафеана, се случуваат грешки

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за последната објавена аудио снимка во која вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“, а потоа користи и вулгарен речник, рече дека тоа е последица на негово подолго седење во кафеана.

 

„По два часа и 17 минути седење во кафеана на слободен разговор се случуваат грешки. Сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам. Ниту сум го мислел тоа, а еве времето покажа дека не сум имал некои непријатности во работењето. Јас и јавно се извинив на Фејсбук. Објавив статус што достапен до сите, сигурно стигнал и до граѓаните кои учествуваа во Шарената револуција. Доказ за тоа каков навистина сум, се овие три години зад нас. Имавме одлична соработка, учевме од нив, голем дел од нив се активисти во граѓанските организации, но голем дел од учесниците во Шарената револуција се граѓани кои се неопределени во политичките партии. Имавме одлична соработка и изработивме заедно многу за нашата земја“, одговори Заев.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.