Денеска во општина Прилеп има 6 случаи на коронавирус. Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека станува збор за контакти на веќе потврдени позитивни случаи, од познати кластери.
Бројот на активни случаи изнесува 43, од кои 34 се наоаѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 8 лица позитивни на коронавирус.
Во самоизолација се наоѓаат 113 лица.