Новата нормала и вонредните услови во кои живееме, не ја запреа градежната офанзива која се случува низ целата држава, низ сите региони. Почитувајќи ги мерките за заштита, во вонредни околности градиме инфраструктура за сите. Истакна на денешната прес конференција Миле Талевски, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ во 4-тата Изборна единица.
Прес конферецијата ја пренесуваме во целост.
„Инфраструктурата која ја градиме ќе ни овозможи успешно да се справуваме со кризи, како оваа со коронавирусот која ја живееме, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации.
Улицата „Октомвриска“ во урбаната заедница „Гоце Делчев“, е само една од многуте кои од запуштени и небезбедни сообраќајници ризични по здравјето и животите на учесниците во сообраќајот, прераснуваат во современи улици, карактеристични за урбаните средини.
Во целата своја должина од околу 600 метра, на вкупна површина од над 3.000 метри квадратни, „Октомвриска“ добива нов асфалт.
Заедно со претходно рехабилитираната „Петта Прилепска бригада“ и останатите реконструирани споредни улици од овој дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ конечно го добива ликот на урбана заедница.
Локалната самоуправа на Општина Прилеп, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, покажа како треба да се работи во интерес на сите граѓани подеднакво, и како треба да се стават на исто рамниште потребите на жителите на градот, но и на населените места.
Реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, комплетно рехабилитираните улици „Самоилова“, „Андон Слабејко“, „Белградска“, асфалтирањето на улици во населените места Големо и Мало Коњари, Лагово, Алинци, Галичани, Кадино село, изградбата на патот до прилепското вештако езеро, до манастирот „Св.Никола“ над село Прилепец, покажаа што значи одговорното, чесно и отчетно владеење на локалната власт на СДСМ.
На централно ниво, градиме 260 километри автопати. Градиме 300 километри експресни патишта. Градиме 900 километри локални патишта и рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци.
Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, за секое населено место да е подобро поврзано со останатите. Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.
Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули, ќе покажеме дека #можеме уште подобро, дека можеме уште повеќе“, истакна Талевски.