Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 33.487 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Минималните трошоци во јуни на едно четиричлено семејство изнесуваат 33.487 денари. Податоците кои ги објави Сојузот на синдикати за синдикалната минимална кошница покажуваат дека 42,90 проценти од синдикалната кошница се трошат за храна и пијалоци, а 31,12 проценти на трошоците за домување.

 

За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 14.366 денари, а за подмирување на трошоците за домаќинство 10.422 денари.

 

Минималните трошоци за превоз биле 2.447 денари, а за хигиена 2.330 денари. За облека и обувки биле потребни минимум 2.144, а за културни активности се одвојувале 1.066 денари.

 

Во споредба со податоците за минималната синдикална кошница од април, во јуни биле потребни повеќе пари за храна и пијалоци.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи