ВИДЕО – Заев: Нема да дозволиме уцени и закани од никого, можно е сами да обезбедиме мандати за Влада, Ахмети и Мицкоски знаат дека ќе бидат опозиција

Пуста кампања кај луѓето прави се и сешто. Ми се тресат еве и пачавиците и нозете комплетно, секако на шала, прво затоа што СДСМ заедно со нашата коалиција „Можеме“ очекуваме и е извесно возможно сами да обезбедиме мандати за формирање на сопствена влада. Вака одговори Заев на новинарско прашање кој е неговиот став по тврдењето на Ахмети дека тој и Мицкоски се плашат од помислата Албанец премиер и изјавата на Тачи дека ако нема Албанци во Владата можна е војна.

 

 

Но и во такви околности ќе влеземе во коалиција за да има рамноправна застапеност на сите етнички заедници во парламентарното мнозинство, кое ќе ја сочинува новата парламентарна влада. Но никако, ама апсолутно никако нема да дозволиме уцени, закани или било какви тајни преговарања. Ние моежеме да се договараме за вредности, за интересот на граѓаните, за подобар живот на сите, на програмски определби, но уцени никако.

 

Ова е важно за да знаат граѓаните дека не зависи ниту од Ахмети, ниту од Заев, ни од Мицкоски, ни Тачи, ни Села, ни било кој во државата. Тоа зависи исклучиво, ама апсолутно исклучиво од граѓани, кои се надевам ќе излезат во масовен број, за да дадат и силен легитимитет на овие избори и на идните институции, парламентот и владата, со што ќе го искористат своето право тие да одлучуваат, тие кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде претседател на Собрание, кој ќе биде министер, кој ќе биде претседател на Влада, никој друг.

 

Секако ќе бидат мултиетнички сите концепти и на парламентарното мнозинство и на владата, тоа е нашиот концепт, едно општество за сите и само така продолжуваме. Помислата дека треба да се замине во опозиција веројатно не е лесна работа, го знаат тоа чувство во моментов и господинот Ахмети и господинот Мицкоски“, рече Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи