Објавена е листата на туристичките капацитети каде може да се користат ваучерите

 

На официјалната веб страна на проектот „Дома си е Дома“ (domasiedoma.gov.mk ) се објави листата на сите овластени туристички капацитети кои граѓаните ќе може да ги посетат и да го искористат добиениот ваучер.

 

Доколку сте добитник на ваучер за туризам, треба само да ја одберете општината во која сте заинтересирани да одморате и потоа ќе ви се појави целата листа.

 

Сместувачките капацитети се поделени на: хотели, физички лица и други објекти. Под секој сместувачки капацитет има телефон за контакт, е-адреса и веб-страница.

 

Ваучери ќе може да се користат од 15 јули до 15 декември годинава. Листата каде може да се сместите погледнете ја ОВДЕ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.