ВИДЕО – Ѓорѓиоски: Гласањето ќе биде со целосна заштита, безбедно е, важно е, на 15 јули излези и гласај!

 

Протоколите за заштита од коронавирусот, обезбедија функционирање во ново нормално секојдневие, каде носењето на заштитна опрема е редовна обврска. На тој начин, се отворија бизнисите, а животот се нормализира по нови правила. Со почитување на мерките, можеме да пазариме, да одиме во угостителски објект, да користиме јавен транспорт, да бидеме заштитени. Истакна на денешната прес конференција Александар Ѓорѓиоски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Она што е исклучително важно за изборниот процес, е фактот дека институциите и стручните здравствените експерти, подготвија сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласањето.

 

Протокол, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и на сите учесници во изборниот ден. Државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори.

 

Со строго почитување на сите заштитни мерки, секој граѓанин ќе може да го оствари своето право на глас, без закана по сопственото или здравјето на другите.

 

Исклучително е важно на такви безбедни избори, да излеземе и да го оствариме своето уставно загарантирано право на глас. Важно е да обезбедиме нови функционални и целосно легитимни институции, кои ќе им служат на граѓаните и ќе се грижат за сите подеднакво. Важно е за економијата, важно е за државата и иднината.

 

Да излеземе на изборите на 15 јули. Да го продолжиме правиот пат со кој носиме нова развојна екномија, повисоки плати и пензии за сите, нови работни места и можности за младите, враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните.

 

Заедно можеме и ќе ја спречиме обновата на режимот, која ја нуди послушникот на унгарскиот бегалец Груевски,  Христијан Мицкоски. Заедно можеме, уште повеќе и уште подобро!“, рече Ѓорѓиоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи