Родителите ослободени од плаќање за градинка за април, мај и јуни и се до почетокот со работа на градинките

 

На дневниот ред од денешната 45-та седница на Советот на општина Прилеп, се најдоа 13 прашања од интерес на граѓаните.

 

„Советниците донесоа Одлука за ослободување од надомест на трошоци на родителите чии деца ги користат услугите на Јавната општинска установа Детски градинки „Наша иднина“. Ослободувањето важи за месеците април, мај и јуни, како и за останатиот период до почетокот со работа на градинките. Со Одлуката се опфатени родителите на околу 1.500 деца, кои во месеците кога децата не одат во градинка плаќаат 35 отсто од месечниот износ.

 

Советот на општина Прилеп ги усвои кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Прилеп за првиот квартал од 2020 година, како и годишната сметка и извештајот за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ за 2019 година и тримесечниот извештај за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 година на јавното претпријатие.

 

Прилепските советници дадоа согласност и за тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Пазари“ и ЈП за ПУП. На денешната седница беа донесени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени објекти на жители на општина Прилеп“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи