Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, најавува дека до истекот на рокот неговата партија ќе поднесе 2.000 приговори до Државната изборна комисија.
„До крајот на рокот, денес 19:30 часот, Левица ќе поднесе околу 2.000 писмени приговори до ДИК”, напиша Апасиев на фејсбук.
Во 19:30 истече законскиот рок од 48 часа во кој подносителите на кандидатските листи може да поднесат приговори до ДИК за сумирањето на резултатите од изборите.