Поевтинуваат горивата – се намалува и акцизата од 3 на 2 денари

 

 

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се намалува цената на горивата во нашата земја за 1,61 проценти во однос на минатата недела.

 

Според тоа Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,5 денари по литар гориво, додека Еуродизелот поевтини за половина денар.

 

Така, во согласност со најновите цени, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 60 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 62 денари за литар гориво, додека Еуродизел ќе се продава по цена од 53 денари за секој наточен литар гориво.

 

Исто така, Регулаторната комисија донесе одлука и да се намали дополнителната акциза безоловниот бензин која беше воведена со Уредбата на владата, па сега таа наместо 3, изнесува 2 денари.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.