Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 21 јули:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а четворица оздравеле од заразната болест.
- Бројот на активни случаи изнесува 55, од кои 37 се наоаѓаат на домашно, а 18 лица на болничко лекување.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 312.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 83 лица.