Со благодарници, прилепската локална самоуправа во името на граѓаните им се заблагодари на трите прилепски текстилни компании кои за потребите на медицинските лица и за граѓаните од почетокот на пандемијата доброволно изработија и поделија преку 120 илјади заштитни маски.
Поради нивната хуманост и подготвеност несебично да помогнат трите комапнии „Гифти текс“, „Фејшн линк“ и „Стан мк“ добија плагодарници.
Од името на трите фирми и вработените кои неуморно ги изработуваа заштитните маски три-четири месеци, Горан Илијоски од текстилната фирма „Гифти текс“ рече дека биле инспирирани од несебичноста на здравствените работници и се среќни ако помогнале повеќе лица да не се заразат.
„Акцијата ја почнавме уште кога почна пандемијата. Почна поради пожртвуваноста на здравствените работници кои дадоа и даваат сѐ од себе. Се здруживме сите три компании и решивме да помогнеме. Локалните власти покажаа подготвеност да не поддржат. Заштитните маски како помош да се намали заразата. Мислиме дека сме успеале макар едно лице, а и повеќе луѓе, сме спасиле од зараза. Со ангажманот и работата продолжуваме“, рече Илијоски.