ВИДЕО – Крушево се подготвува за Илинден кој ќе се одбележи под строги мерки, годинава неизвесно и дали ќе има туристи за празникот

Во Крушево годинава ќе се одбележат 117 години од подигнувањето на Илинденското востание, но овој пат организацијата на празникот ќе се одвива според строги криитерииуми и правила, без масовни собирања. На 31 јули во Крушево пристигнува коњаницата која ќе тргне од Скопје, на 1 август се отвора манифестацијата 10 дена Крушевска република, а на 2 август одбележувањето започнува со положување на цвеќе на гробот на Никола Карев во Македониумот, на споменикот кај Слива и на Мечкин Камен, каде ќе се обрати претседателот на собранието на Талат Џафери. Но се ќе биде под строги правила и прописи.

 

 

„Не смеат да бидат повеќе од 50 луѓе, на физичка дистанца од 2 метри, поставени ќе бидат столици онакка како е пропишано, со заштитни маски и други хигиенски средства за заштита. Не можеме да му ја ограничиме слободата на движење на ниту еден наш граѓанин, но ќе имаме поставено како локална самоуправа редари, ќе ги предупредуваме граѓаните да држат меѓусебна дистанца, да носат заштитни маски“, истакна Томе Христоски, градоначалниик на Крушево.

 

Празникот Илинден во Крушево секоја година носеше и огромен број на туристи, но засега полни се само околу 30-тина % од капацитетите. Крушевчани велат дека можеби луѓето се уште се плашат од корона вирусот.

 

„Слабо е со туристи, се плашат од корона вирусот, некои носат маски, некоии не носат. За Илинден не очекуваме дека ќе се зголеми непто бројот на гости“, рече еден граѓанин.

 

„Декка ќе биде како претходни години кога немало место каде се фрли игла во градот, тоа тешка работа“, кажа друг граѓанин.

 

И годинава ќе се одржи фестивалот When in Krusevo од 1 со 10 август, но и тука ќе има строги критериуми. Нема да има масовни собири, но туристите сепак ќе може да уживаат во големиот број спортови кои се нудат.

 

„Да уживаат во секој момент во крушевската природа, во планинарскиите тури, во велосипедскиите тури, тука е тандем параглајдингот, јавањето на коњи, присуството на кајаци. Годинава за прв пат ќе има исто така ќе иима качување по спортска карпа, која е лоцирана на местото кај спортската сала“, истакна Петар Дамчески, дел од организацијата на фестивалот „When in Krusevo“.

 

За празничните денови туристите ќе може да ги посетат и музеите.

 

„Со држење на дистанца, со сите средства со кои треба да се чуваат луѓето за нивното здравје, ние ќе се трудиме максимално да ги угостиме сите посетители кои ќе дојдат тука пред, за време и по илинденските празници“, кажа Јоргу Папакоча, директот на крушевскиот музеј.

 

Странците годинава ги откажаа сите аранжмани, но крушевчани се надеваат дека за празникот ќе дојдат барем граѓаните кои тука ќе ги искористат ваучерите за туризам од кампањата Дома си е дома.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи