Претседателот на Собранието, Талат Џафери бил примен на инфективната клиника, откако покажал одредени симптоми кои асоцирале на ковид-19.
Направил тестирање и истиот покажал негативен резултат, па после рутинската контрола на Инфективна, Џафери бил пуштен дома.
Талат Џафери на 21 јули изјави дека се тестирал за ковид-19 и дека тестот му е негативен. Во изминатите денови позитивен тест имаа министрите Крешник Бектеши и Арбер Адеми.