Прилепскиот рапер и еден од најверните навивачи и фанови на ФК Победа, Филип Рибио, ја презентираше својата најнова песна насловена како „Дон“. Целта била да се поттикне развојот на музичката култура во Прилеп која според Рибио доживува вистинска пропаст во последно време.
„Затоа тука настапивме ние Mr. T продукција член на рок групацијата од Ченто, диџеј Мамли дел од старата школа на рапери во градот и јас, за да докажеме дека кога се работи за музичката култура во градот ние сме едно! Независно на кој жанр на музика спаѓаме со една заедничка цел да ставиме крај на пропаста на културата во нашиот град. Се надевам дека ќе покренеме мало движење како во Прилеп така и низ целата држава за борба против овој отров кој ја труе денешната музиката. Исто така да оддадеме почит на прерано згаснатиот живот на нашиот драг член на н.к. Мајмуни, Робе-Цувта и нека целиот свет знае дека ултрасите живеат вечно исто како љубовта за Победа-Прилеп“, вели Филип Рибио за Инфо Компас.
Тој потенцира дека веке подолг период сме сведоци на тоа како музичката култура го губела својот сјај како во градот така и во целиот свет и за жал музиката денес се повеке се гледала, а помалку се слушала.
„Секојдневно младите гледаат како им се пропагира насилство, оружје, проституција и психотропни супстанци. Ако некогаш музиката била лек за душата денес за жал постана пелин. Рап музиката е бунтовна музика која ја создаваат млади лица и сакаат да направат промена во опшеството, во кратки црти слобода на говор каде можеме да се искажеме и нашиот глас да биде чуен. Како искусен и постар рапер можам да кажам дека секогаш сме се угледувале на постарите сме ги продолжувале нивните стапки стапките на „Ударна формација“, „Македонски синови“, „Црна хроника”, „Тha titanium“, “ „Мамлио“ па и некои од рок и метал бендовите во градов накратко целата групација од парк Ченто“, додава Рибио.
Рибио вели дека за брзо време ќе има и други изненадувања, но не сака да открива пред време.
Инаку видео спотот „Дон“ го изработи Jankoski Visual studio, со режија, камера и монтажа на Петар Јанкоски, Јосиф Трајкоски фотограф, а Дамјан Аврамоски асистент.