РК Прилеп ги започна подготовките за новата сезона

 

РК Прилеп со денешниот прв тренинг го означи почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

 

Предводник на прилепчани ќе биде поранешниот македонски репрезентативец, Горан Кузманоски, кој по завршувањето на богатата играчка кариера веднаш го прифати првиот тренерски предизвик.

 

На првата прозивка се појавија сите нови засилувања со исклучок на грузискиот интернационалец Зураб Цинцадѕе, кој во Прилеп пристигнува на 2 август. Нoвиот суперлигаш летово се засили со Чурлевски, Цинцадѕе, Чантурија, Шокоски и Христоски.

 

Прилепчани ќе бидар дел од А групата на Суперлигата, а нивни ривали ќе бидат .Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи