Официјална програма на 7-миот планински настан „Тура преку Слива-2020“

Оваа година на 5 и 6 септември, по 7-ми пат, ќе се одржи планинскиот настан „Тура преку Слива-2020“.

 

 

Ова ќе биде официјалната програма, која во зависност од условите со корона вирусот може да претрпи и одредени измени.

 

 

05.09.2020 – Сабота

 

15:00 часот

Пристигање и почнување со разместување на локации со дистанца за учесниците кои ќе пристигнат во кампот во кругот на селската црква и во околината на селото Штавица и нивна регистрација (потпишување на изјава за самостојно учество и други процедури предвидени од организаторот).

 

18:00 часот

Велосипедска прошетка кон село Чумово без поголемо групирање. Посета во помали групи од максимум 5 луѓе на знаменитостите во селото како што се археолошкото наоѓалиште и праисториско светилиште „Палатица” и Антропоморфната Стела во атарот на селото.

 

Поради настанатата ситуација со Корона вирусот во вечерните часови нема да има организирана забавна програма.

 

 

06.09.2020 – Недела

 

09:15 – 09:30 часот

Старт на учесниците во планинарење до Врв Веслец 1322 м.н.в.

 

Тргнувањето ќе биде во согласност со критериумите за КОВИД-19, во групи од максимум 5 учесници на секоја минута.

 

09:45-10:00 часот

Старт на рекреативната велосипедска тура.

 

Тргнувањето ќе биде во согласност со критериумите за КОВИД-19, во групи од максимум 5 учесници на секоја минута. Првата пауза, во согласност со критериумите за КОВИД-19, ќе биде во с. Бонче, со краток одмор без групирање. Втората пауза, во согласност со критериумите за КОВИД-19, ќе биде кај Кралската гробница „Старо Бонче“ исто со кратка посета во групи не поголеми од 5 учесници. Трета пауза, согласност со критериумите за КОВИД-19, ќе биде во с. Подмол.

 

16:00-17:00 часот

Крај на турата со обезбеден ручек од организаторот во кругот на Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица.

 

18:00 часот

Официјален крај на настанот.

 

„Стартот на предвидените настани ќе биде контролиран од лицата од организација и ќе може да се учествува исклучително со заштитни маски обезбедени од страна на организаторот. На местата предвидени за пауза ќе бидат поставени канти за ѓубре и средства за дезинфекција, учесниците често и континуирано ќе бидат предупредувани да се грижат за чиста еко средина и редовно да ги користат средствата за дезинфекција. Доколку во периодот што е предвиден за одржување на настанот се објави било каква забрана за собир и движење, истиот ќе биде откажан и преместен за првиот викенд во септември 2021 година“, истакна за Инфо Компас, Душко Димкоски, организатор на „Тура преку Слива-2020.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи