Во Прилеп отворена изложба на Драган Најденовски – „Ликовни предели“

„Ликовни предели“ е тематската изложба од македонскиот уметник Драган Најденовски, која се отвори во ликовната галерија на центарот за култира „Марко Цепенков“ во Прилеп. Уметникот Најденовски се претставува со своите најнови ликовни дела работени во масло на платно, молив на хартија, пастели  или оние маслени пастели комбинирани со молив на хартија, од неговиот циклус од „Ливадата на музите“. Тој евидентно во неговите „Предели“ создава нешто исклучително уметнички вредно и неговите слики на уверлив начин сами од себе зборуваат дека знаат да светат и кога сонцето се помрачува во ликовната татковина на уметникот беше посочено на отворањето на изложбата.

 

 

Според писателот Панде Манојлов симболично и модерно е ликовното творештво на Драган Најденовски.

 

„Секоја негова слика е светлина и реална но и далеку поапстракна што зрачи и осветлува скриени ликовни простори од ова поднебје. Тие се прекрасни предели во замислената иреална “Ливада на музите“, бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој со магичен и метафоричен ликоен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот. Поетизам, лиризам, естетизам, складност на бои, се е збрано во овие слики од најновото ликовно творештво на Драган Најденовски презентирани на изложбата. И сето тоа зборува за неговите уметнички вредности, за неговиот ликовен стил и израз, автетичен и препознатлив“, вели Манојлов.

 

Драган Најденовски е самостоен ликовен уметник, член на ДЛУМ и ДЛУБ, со над 40 самостојни изложби, учесник на многу групни изложби и графички манифестации во Македонија и светот, учесник на многу домашни и меѓународни ликовни колонии, како и добитник на повеќе вредни награди.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.