Полицајка од Калифорнија стана херој кога во последен момент успеа да тргне маж во инвалидска количка од шините додека воз се приближуваше со огромна брзина.
Драматичното видео од нејзината камера на униформата покажува како таа истрчува од патролниот автомобил без двоумење и скокнува на помош на несреќниот човек чии тркала се заглавиле додека тој минувал по патеката.
Додека сирената на возот завивала погласно и погласно, таа успеала да го повлече човекот на безбедност само неколку секунди пред возот да прошиша кон инвалидската количка и да го здроби. Мажот поминал „само“ со повреда на ногата и бил пренесен во болница.