Викендов на Пелистер за прв пат во рамките на „Bitola Outdoor festival“ се одржа „Pelister Ultra Trail“ каде имаше 3 трки : „Big Lake Trail“ долга 18 км, „Molika Trail“ долга 31 км, и „Pelister Ultra Trail“ со должина до 61 км. Прилепчани буквално „растурија“ освојувајќи 9 медали, 4 први места, 3 втори места и 2 втори.
Ова се резултатите за прилепските медали:
МАЖИ :
Трка на 18 км. „Big Lake Trail“
- Прво место Михаел Ван Бален од ОК „Златоврв“
- Второ место Христијан Насевски од ОК „Златоврв“
- Трето место Илија Пајмаковски
Трка на 31 км. „Molika Trail“
- Прво место Александар Стојкоски
Трка на 61 км. „Pelister Ultra Trail“
- Второ место за Антонио Каранфилоски, од „Единак“
ЖЕНИ :
Трка на 18 км. „Big Lake Trail“
- Прво место Талија Петреска од „Златоврв“
- Трето место Ивана Настовска, од „Златоврв“
Трка на 31 км. „Molika Trail“
- Прво место Елена Ртоска од „Единак“
- Второ место Мери Чкрипеска од ОК „Златоврв“