Викендов на Пелистер за прв пат во рамките на „Bitola Outdoor festival“ се одржа „Pelister Ultra Trail“. На трката „Big Lake Trail“ до должина од 18 км. и 1170D+ во женска конкуренција првото место го освои Талија Петреска од прилепски „Златоврв“, а третото место прилепчанката Ивана Настовска, исто од „Златоврв“. Второто место го освои Марија Пеликан.
Инаку „Pelister Ultra-Trail“ е меѓународен настан организиран од ПСК Димитар Илиевски Мурато кој се оддржува во најстариот Национален парк во Македонија, Националниот парк Пелистер. Во рамки на „Pelister Ultra Trail“ имаше 3 трки : „Big Lake Trail“ долга 18 км, „Molika Trail“ долга 31 км, и „Pelister Ultra Trail“ со должина до 61 км.