ВИДЕО – Станимировиќ: Подобро е младите сега да се стекнат со колективен имунитет отколку на есен, треба да има и физичка настава во училиштата

Во пресрет на почетокот на новата учебна година дел од епидемиолозите од Прилеп сметаат дека треба да започне и физичка настава во училиштата, затоа што во овој период се уште имало убаво време и подобро би било, нормално доколоку дојде до тоа, младите да се заразат во овој период и да стекнат колективен имунитет, отколку тоа да се случи на есен кога ќе бидеме сите во затворени простории. Но сепак велат дека тоа е само нивно лично мислење, а одлуката ќе зависи од здравствената политика, подготвеноста на МОН за почеток на учебната година и пред се од желбата на родители која ќе биде пресудна како ќе учат нивните деца, он лајн или ќе одат на училиште.

 

 

„Треба да започне и физичка настава со оглед на тоа што се уште имаме убаво време во месец август, септември. Во тој период подобро е поголем број од младите кои што полесно ја поминуваат болеста да се заразат, да добиеме поголем колективен имунитет, така да веќе кога ќе настапат есенско зимските месеци помала е можноста за заразување, мислам изворите за да се заразат повозрасните, постарите, доколку помладата популација сега се разболи. Но сепак тоа оставам на здравствените авторитети, самите родители и Министерството за образовение. Како епидемиолог мислам дека младите полесно ќе поминат, колку побрзо го стекниме тој колективен имунитет, толку ќе биде подобро за сите.

 

„За време на есенско зимските месеци подолго престојуваме во затворен простор. Има услови да се оствари и поблизок контакт во такви услови, не отвораме простории, не излегуваме многу надвор, значи ако сега имаме некоја бројка, оваа што сега ја имаме сигурно би се дуплирала или би се тростручила во есенско зимските месеци. Значи не е работата во температурата, туку начинот на живот. Видовме изминатите три месеци ние имавме прилично намален број на заболени, секако подолгиот престој на отворени простори, едно време луѓето се оградуваа од правење на семејни собири, свадби, на тоа ни се должеше падот на заболените.

 

Во зимско есенските месеци не можеме да го одбегнеме тоа, тогаш поради тие причини и грипот го имаме како една респираторна болест која се пренесува на ист начин како и коронавирусот. Од тие причини е очекувано во тое месеци да ни се зголемува бројот на инфицирани со ковид. Значи блискиот контакт кој се остварува во затворени простории, на мал простор“, вели Татјана Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје од Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи