ВИДЕО – Јованоски: Ќе има поригорозни казни, само 30% граѓани носат маски, протоколите не се почитуваат пред банките и во угостителските објекти

Од почетокот на месец август до денес бројот на заболени во Прилеп изнесува 92 лица. Од нив 64% се заразиле во последниите 7-8 дена. Денеска во Општина  Прилеп има 11 нови сличаи и едно починато лице на возраст од 81 година, а има ии две новозаразени лица во Општина Долнени. 31% од новозаразените се на возраст од 20 до 39 години. Во Прилеп се дектирании во моментов 8 кластерии со 52 заболени лица. Според експертите зголемувањето на бројот се должи пред се на опуштањето на граѓаните, семејните собири, дружењата, патувањата и слично.

 

 

Градоначалникот на Прилеп денеска истакна дека мерките не се почитуваат за жал во сите угостителски објекти, а ја потенцираше и големата гужва која се создава пред банките и непочитувањето на потребното растојание од 2 метри. Јованоски најави поригорозни казни од страна на полицијата.

 

Во оваа прилика сакам да упатам посебен апел до младите и сопствениците на угостителските објекти, целосно да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19, затоа што е забележливо дека последниот период не се почитуваат протоколите. Банките и поголемите маркети од градот да ги засилат редарските служби пред нивните објекти, да се спречат поголемите групирања кои се евидентни изминатите денови. Сакам да ја известам јавноста дека градскиот пазар ќе продолжи со работа, со засилени протоколи за заштита од ковид-19, со тоа што ќе има засилена инспекција и никој нема да смее да влезе во пазарот без заштитна маска. Полицијата ќе биде се поприсутна и во пазарот и пред поголемите маркети и банки и ќе се засили казнената политика. Му соопштив на командирот на полицијата во нашиот град токму на денешната средба на кризниот штаб и неговото ветување беше дека и досега тие ја вршат својата работа и понатаму ќе ја засилат активноста низ сите овие простори како што кажав, градскиот пазар и големите маркети, пред банките и казнената политика ќе биде поригорозна“, рече Јованоски.

 

Според Јованоски само 30% од граѓаните носеле маски и повика на поголема граѓанскка свесност за почитување на зададените мерки.

 

Сакам јавно да кажам уште нешто, тоа е мојот личен став и моја лична перцепција во однос на носењето на маски. Мнозинството граѓани не ја почитуваат основната одредба, а тоа е препорака според сите протоколи, односно носењето на заштитна маска. Најголем дел за жал од нашите граѓани во цела држава, да кажам и во најголем дел од европските држави истото тоа се случува, но сакам да кажам посебно за нашиот град, каде моја лична проценка е дека некаде околу 30% од граѓаните користат заштитна маска, а тоа не е доволен број. Оној поголемиот процент од 70% треба да ги натераме, со нашата активност и проактивно делување на сите наши граѓани, ако можам така да се изразам посовесни, да ги натераме да носат маски, а не да ги казнуваме. Да бидат убедени дека носењето маски е единствениот начин да им излеземе во пресрет на овој вирус, на оваа пандемија. Тоа е прва и основна превенција, сето другото е само желба. Да најдеме начин да дојдеме до ситуација кога ќе биде обратно, 70% да носат маски, а 30% од граѓаните да разговараме со нив, да апелираме. А кога гледаме дека граѓаните се помалку носат маски, ни сите што носиме маски испаѓаме инфериорни“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи