ВИДЕО – Започна 9-тиот „Prilep Jazz Weekend“ кој ќе трае 3 дена

Во Прилеп по 9-ти пат вечерва започна Prilep Jazz Weekend со премиера на филмот „JAZZMAN – The form as a verb” од авторот Велибор Педевски, снимен на локации во Њу Јорк, Скопје, Белград и Софија. Организаторите велат дека оваа година морале да се соочат со два предизвиции, да се испочитуваат сите мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, а од друга страна да се донесат квалитетни џез музичари.

 

 

„Прилепскиот џез фестивал досега понудил навистина многу богата програма во изминативе години, учествувале познати џез музичари, не само од Македонија туку и од странство и веќе позициониран на картата на значајни музички случувања и во Македонија и во регионот пошироко. Оваа година мотото на фестивалот е продукција, помош, промоција и поддршка на македонската џез музика, секако комбинирана со новонастанатата ситуација и предизвикот да се обезбедат сите мерки и препораки од Владата и Комисијата за заразни болести. Мислам дека во двата предизвици како организатори успеавме, значи имаме мерење на температура, задолжително носење на маски на секој еден посетител. Секој оној кој ќе дојде има обезбедено столче за седење на растојание според протоколите кои ги дава Владата. Се надеваме дека тоа ќе биде една успешна приказна од 2-та агли. Успеавме да составиме една успешна троднева програма“, истакна Снежана Ристески, дел од организацијата на фестивалот.

 

Веднаш по премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb” настапија JazzInc, под водство на Трајче Велков, на труба. Утре, втората фестивалска вечер ќе се отвори со квартетот на Оливер Јосифовски , а веднаш потоа ќе настапи „Светлост“. Добро познати се и двата бенда, а „Светлост“ се и со повеќе албуми и добро се рангирани и во Европа. На третата вечер од фестивалот прво ќе настапат „Next to Silence“, а честа да го затворат ќе имаат  „Бернајс Пропаганда“ кои се дефинитивно еден од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари“.

 

Ова година Prilep Jazz Weekend фестивалот може да се пофали и со квалитетна OFF програма:

 

  • На 28 Август 2020г на локалитетот Врбјанска чука (кај село Славеј) свој перформанс ќе има Antonie AVP Project.
  • На 29 Август 2020г на летната сцена од ЦК Марко Цепенков ќе го проследиме перформансот на Leonard.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи