ВИДЕО – Во Прилеп вечерва започна 46-тиот фестивал на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“

По 46-ти пат вечерва во Прилеп започна фестиивалот на народи песни и инструменти „Пеце Атанасовски“. Годинава е планирано да настапат околу 140 учесници од цела Македонија. Инаку кога станува збор за овој фестивал слободно  можеме да кажеме дека тој е најголемиот фестивалски бренд од ваков калибар кај нас кој придонесува за зачувување на македонскиот фоклор, традиција и култура. Но како и голем број културни активности кои се одржуваат ова лето и „Пеце Атанасовски“ се одржува со почитување на сите пропишаи протоколи за заштита од Ковид 19.

 

 

„Групите кои доаѓаат од цела Македонија ќе бидиат дистанцирани ии неам да стапуваат во контакт помеѓу себе. Така што една група која настапува тука, добива маски и после настапот им се даваат благодарници ланч пакет и тие си одат дома и после настапува другата група. Нема оние собиранки кои ги правевме кога до доцна навечер се пееше и се играше, но ќе издржиме оваа година, а другата година се надеваме дека ќе надокнадиме“, рече Златко Лашкоски, секретар на фестивалот „Пеце Атанасовски“.

 

„Селекционата комисија се потруди годинава да настапат групи кои се досегашни добитници на Гра при наградата и на наградата „Гајдата на Пеце Атансовски“. Значи учествуваат мали групи, не како досега што учествуваа масовни групи. Имавме разговори со сите нив и одлучивме кој со што ќе биде награден“, истакна Родна Величковска, уметнички директор на фестивалот „Пеце Атанасовски“.

 

Токму поради пандемијата со Ковид 19 годинава со физичко присуство не се одржа ниту Семинарот за народни песни и инструменти.

 

„Оваа година одлучивме тоа да биде една едукативна видео презентација на тема Традиционалната култура во Прилепско поле, каде што беа објавнеи 3 видеа, едното со етнографските карактеристики на прилепско поле, традиционалното пеење и традиционалните инструменти. Оваа година имаме и втор по ред научен симпозиум на тема фолклорот во минатото и денес, при тоа свои трудови објавија 11 еминентни стручњаци од областа на фолклорот и сето тоа ќе се објави во зборник на трудовии“, потенцираше Горан Василевски, раководител на Семинарот во рамки на фестивалот „Пеце Атанасовски“.

 

Утре фестивалот продолжува на Рудина во Долнени кога ќе се одржи втората фестивалска вечер и ќе бидат доделени наградите за најдобрите.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи