ВИДЕО – Започна првиот „Pletvar outdoor festival 2020“ кој трае 3 дена

Доцна попладнево започна „Pletvar outdoor festival 2020“ прв фестивал од ваков карактер во Прилеп. „Организатори на оваа манифестација се спелеолошкиот клуб од Прилеп, „Златоврв“ и извидничкиот одред „Феникс“. Организаторите велат дека целта на овој фестивал била возбудлива авантура за сите возрасти. За време на фестивалот ќе имаме многу различни активности, како што се стрелаштво, стреличарство, качување по карпи, качување на врвот Козјак, посета на Дуова пештера, слеклај,  игри и трки за најмладите, планинска ии велосипедска тура.

 

 

„Оваа година за прв пат го организираме овој аутдор фествивал и се надеваме дека ќе прерасне во традиција. Како што знаете целта на овој фестивал е да се соберат средтва за дооформување на Спасителната служба  „Златоврв“ и секако вие сте тие кои ќе ја изградат. Им благодариме на сите кои придонесоа сето ова да стане реалност. Ве очекуваат 3 дена исполнети со многу забава, препуштете и се на авантурата“, рече Дарко Неданоски, организатор на фестивалот, Спасителна служба „Златоврв“.

 

„Ова денеска што се случува се почетоци на една спортско-забавна манифестација која ќе прерасне во традиција. На падините на планината Бабуна и Козјак за прв пат годинава се одржува едукативно-забавен настан со многу позитивна енергија, забава и дружење во природа. Од многу аспекти „Pletvar outdoor festival“ ќе биде своевидна атракција. Причина повеќе заради која настанот заслужува поддршка е промоција на Спасителната служба „Златоврв“ на која и е потребна финансиска и логистичка помош“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

ОВА Е ОФИЦИЈАЛНАТА ПРОГРАМА :

 

 

Петок, 28 август 2020

 

16:00 – 18:00

Запознавање со околината

18:30

СВЕЧЕНО отворање на фестивалот

19:30 – 20:30

Син час јога

20:30 – 22:30

Логорски оган, кино Плетвар

23:56

Забавна програма

 

 

Сабота, 29 август 2020

 

 

05:30 – 06:30

Син час јога

06:00 – 08:00

Слободни активности

09:00

Хиит кардио предизвик, масажи

09:00

Пауза

09:00 – 13:00

Искачување карпи, балансирање по лента, стрелаштво, стреличарство, скриено богатство, трка во вреќа, Paintball

10:00

Планинска трка 5км „Пеце Атанасоски“

15:00 – 20:00

Искачување карпи, балансирање по лента, стрелаштво, стреличарство, скриено богатство, трка во вреќа

19:45

Јога на зајдисонце

19:45 – 20:30

Јога на зајдисонце

20:00

Логорски оган и културно забавна програма

 

 

Недела, 30 август 2020

 

 

05:00 – 06:00

Јога на изгрејсонце

06:00 – 08:00

Слободни активности

09:00 – 12:00

Освојување на врвот Козјак и посета на пештерата Дуова дупка

09:00 – 13:00

Искачување карпи, балансирање по лента, стрелаштво, стреличарство, скриено богатство, трка во вреќа

10:00

Велосипедизација: Плетвар-теснолинејка-Тројаци-Беловодица-Плетвар

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи