Се одржа 4-тиот ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“ на делницата Кривогаштани-Крушево

Денеска заврши 4-тиот ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“ кој се одржува на делницата Кривогаштани-Крушево. Годинава поради корона кризата имаше само околу 30-тина учесници БиХ, Србија, Грција и Македонија.

 

Најдобро котиран македонски натпреварувач е Ставре Јада, наш репрезентативец во нордиско скијање и биатлон.

 

Првиот ден беше спринт трката на 1.2 км каде го освоив 2 место. Потоа вториот ден односно најтешката трка и најтешката патека од 12 км. почнувајќи од Кривогаштани до Крушево го освоив 3-место за кое не сум задоволен воопшто со тоа трето место. Следниот ден односно денеска беше повторно тешка трка напорна, 10 км. почнувајќи од селото Алданци, а финиш пред спомен куќата на Тоше Проески, но денеска се чувствував многу подобро од вчера и успеав да го освојам 2-место со заостаток од 10 секунди зад првата позиција. Но иако конкуренцијата не беше на највисокото ниво оваа година поради ситуацијата со корона вирусот јас не сум премногу задоволен од моите успеси на овогодишниот фис ролер ски куп, ја немав посакуваната форма за овие натпревари, но ништо не е загубено што е тука е од утре продолжуваме со тренинг и со припреми за следните трки кои следат. Сакам многу да се заблагодарам на моите сограѓани Крушевчани кои денеска излегоа на улиците да ја дадат својата поддршка“, истакна Јада за Инфо Компас.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.