9 годишниот Теодор Грујоски добитник на наградата – „Гајдата на Пеце Атанасовски“

Деветгодишниот Теодор Грујоски од Битола е добитникот на наградата – Гајдата на Пеце на годишнашниов 46 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој заврши синоќа на Рудина, кај Долнени.

 

Теодор од четири години свири на гајда и како што велат етномузиколозите голем дел вештини ги совладал и ги преточува во синхронизираните звуци. Со тоа заврши годинешново издание на Фестивалот.

 

Добитник на Гран-при наградата е вокално-инструменталниот состав „Аманет“ од Скопје.

 

Синоќа на Рудина, лулката на гајдаџиството и на Фестивалот се претставија групи и поединци од Македонски Брод, од Кочани, Демир Капија, од Битола, од Новаци, Битолско. Фестивалот се одвиваше со примената на сите заштитни мерки и со почитување на протоколите за културни манифестации.

 

Според уметничкиот директор на Фестивалот, Родна Величковска, етномузиколог од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и во вакви услови се остварува заложбата на Фестивалот за негување и зачувување на изворниот мелос.

 

„Мора да се грижиме за здравјето, се надевам дека со сите мерки тоа го направи и Фестивалот, но и се погрижи, би рекла и за духоното здравје на сите – да ја слушнат и да уживаат во богатиот изворен мелос. Имаме квалитет и потенцијал и помеѓу помладите генерации, тоа на дело и го покажувааат наше е да ги продолжим грижата и изучувањата на фолклорното богатство, зашто имаме и аманет од народот како негов идентитет во опстојувањето“, рече Величковска.

 

Во рамките на Фестивалот се одржа научен симпозиум на тема „Фолклорот некогаш и денес“, а беше промовиран и вториот зборник со трудови на оваа тема.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи