Самоубиствени бомбашки појаси најдени кај терористичка група во Куманово

 

Во акција на МВР и АНБ уапсени се тројца кумановци, повратници на ИСИС, кои подготвувале терористички напади на витални објекти во земјава.

 

При претрес на нивните домови и други локации во Скопје и кумановско, полицијата пронашла поголемо количество на оружје, односно автоматски пушки, пушкомитралез, големо количество на муниција, бомби и друга воена опрема, а имале и знаме со симболите на ИСИС. Биле пронајдени и самоубиствени бомбашки појаси, односно метални лагери залепени на картон, покриени со експлозив и сето тоа спакувано во црни појаси со запалки за активирање од рачни бомби.

 

Терористичката тројка веќе била во Сирија како дел од ИСИС, а по враќањето одлежале и 3 годишни затворски казни. Излегле од македонските затвори лани летото и оттогаш почнале да планираат напади и терористички закани. Најмладиот има 22 години, најстариот водач на терористичката келија е 28 годишен, а успеале да регрутираат и уште неколку други лица.

 

Обвинителството ги сомничи за тероризам и терористичка организација, а скопскиот кривичен суд им определи 30 дневен притвор.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.