Во малку поразличен формат на 3 и 4 септември / четврток и петок/ 2020, на летната сцена во ЦК „ Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи Летно кино со „Неделата на новиот германски филм“. Ќе биде продолжена догогодишната традиција, а прилепчани ќе се дружат со најновите остварувања на богатата германска кинематографија.
За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции на отворено, како што вели и слоганот „ Под отворено небо“.
Oвогодинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на СР Германија во земјата, Кинотека на Р. С. Македонија и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.
Влезот е слободен, според протоколи за заштита од корона вирусот (задолжително носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце).
Распоред на филмови
03.09.2020 – UNDINE (1:30min) почеток во 19.30 часот
03.09.2020 – BALLON (2:05min) почеток во 21.30 ч.
04.09.2020 – MEIN BLIND DATE MIT DEM LEBEN (1:51min) почеток во 19.30 ч.
04.09.2020 – DIE GOLDFISCHE(1:51min) почеток во 21.30 ч.