Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 2 септември:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 8 нови случаи на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест.
- Бројот на активни случаи изнесува 126, од кои 101 се наоѓаат на домашно, а 25 на болничко лекување.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 184 лица.
- За неносење заштитни маски, ОВР Прилеп поднесе 30 прекршочни пријави.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 486.