Годинешното 11-то по ред издание на интернационалниот гитар фест во Крушево ќе се одржи на 4-ти и 5-ти септември на летната сцена и пред спомен куќата на Тоше Проески.
На 4-ти септември во 20:00 часот кај спомен куќата на Тоше Проески ќе се одржи “Концерт на популарни композиции и евергрини” на дуото Чичоновски и Каровски.
Следниот ден (05.09.) во 20:00 часот на летната сцена ќе се одржи Концертна промоција на Петар Ренџов и Тумба салса бенд на албумот “Џезилка”.
За сите концерти е задолжително почитување на мерките за спречување COVID-19.
“Гитар фест“ – Крушево е основан од крушевски гитарист и музичар Христо Христовски – Мулар, а сега неговиот син ја продолжува традицијата.
183