Крводарителска акција во Прилеп по повод Денот на независноста

 

По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, во Прилеп се организира крводарителска акција.

 

Сите оние кои што сакаат да донираат од својата скапоцена течност, истото ќе може да го направат во просториите на Службата за трансфузиологија Прилеп, од 08.00 до 14.00 часот.

 

Акцијата ја организираат Општинската организација на Црвен крст Прилеп заедно со Службата за трансфузиологија, а е поддржана од Општина Прилеп,  Стопанската комора – Регионална комора Прилеп, Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и Институтот за трансфузиона медицина.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи